„Билд“: Рибери збеснал и го напуштил тренингот на Баерн Минхен


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Баерн Минхен, Франк Рибери го напуштил тренингот на германскиот клуб, а уште не е позната вистинската причина за неговиот потег.

Рибери сам го напушти тренингот во петок, последната подготовка пред дербито против Шалке.

„Францускиот ветеран бесно ги симна ракавиците и го напушти теренот. Не е повреда. Станува збор за незадоволство. Тој се истушира и го напушти клубот. Неговите соиграчи уште беа на теренот“, пишува германскиот медиум.

Дуелот меѓу Баерн Минхен и Шалке се игра од 18.30 часот.