„Битка со Бонучи“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Андреа Барзаљи кажува дека капитенот на Милан и неговиот поранешен соиграч Леонардо Бонучи му е добар пријател, но додава дека на стадионот ќе се води голема борба.

„За мене, но и за сите останати соиграчи, работите нема многу да се сменат“.

„Мислам дека за Лео ова ќе биде посебен натпревар, бидејќи се враќа на својот поранешен стадион помеѓу своите поранешни соиграчи“.

„Навистина поминавме преубави моменти заедно и мислам дека ова ќе биде навистина емотивно за него“.

„Сигурно ќе му остави впечаток, тоа што не е во ист тим со нас, но сите ќе почнеме да се бориме, штом излеземе на теренот “.