Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Вејн Руни се одлучи да остане во клубот од Олд Трафорд и покрај астрономската понуда од клубовите од Кина.
Англискиот репрезентативец потврди дека нема намера да ги напушти „Црвените ѓаволи“.
„И покрај покажаниот интерес на другите клубови, на кои сум заблагодарен, сакам да ставам точка на шпекулациите и објавувам одлука дека останувам во Манчестер Јунајтед“, изјави Руни.
Триесет и едно годишниот Англичанец на Олд Трафорд стигна во 2004 година од Евертон и со Јунајтед освои пет титули во Премиер лигата, Лига на шампионите, Светско клупско првенство, ФА Куп, два Лига куп и четири Суперкупови на Англија.