До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Најбрзиот човек на планетата, Јусеин Болт и понатаму има голема желба да стане професионален фудбалер. Јамајканецот вчера почна да тренира со норвешкиот клуб на Стромсгодсет.
Болт неколку пати работеше со фудбалерите на Борусија Дортмунд, беше блиску до трансфер во Мамелоди, а сега ќе биде на еднонеделна проба во Стромсгодсет.
Болт на својот Твитер порфил објави фотографии од тренинзите со норвешкиот тим кој во моментов се наоѓа на 12. место во лигата.
No Limit pic.twitter.com/UVdwFcbv1N
— Usain St. Leo Bolt (@usainbolt) May 30, 2018














