Бомбата активирана: Зидан и официјално на клупата на Реал Мадрид


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Од таборот на Реал Мадрид и официјално објавија дека Зинедин Зидан е нов предводник на клубот.

Французинот се враќа во Мадрид, девет месеци откако си замина од клубот и на клупата ќе го наследи, Сантијаго Солари.

Зидан кој беше голема желба на Јувентус и Челси со раководството на Реал Мадрид се обврза на договор до 2022 година.

Официјалната промоција на Зинедин Зидан на која ќе ги изнесе своите први импресии ќе биде вечерва во 20:00 часот.