„БОМБА“ во Манчестер – Конте го донесува отпишаниот играч на Мурињо?!

Ова би бил сензационален трансфер оваа зима.

Тренерот на Челси, Антонио Конте во свои редови сака да донесе играч кој нема место кај Мурињо.

Според медиумите, Лук Шо е голема желба на Конте и Челси ќе се обиде да го донесе.

Шо од ноември не е во тимот, а Мурињо му испрати јасна порака дека не смета на него и тоа ќе се обиде да го искористи Челси.

За Конте тој би бил идеален затоа што е многу офанзивен, но и силен во дефанзива.

Сепак, проблем е тоа што Јунајтед за него плати 40 милиони евра и нема да го пушти за помалку пари.

Ќе видиме дали ова ќе биде бомба во зимскиот преоден рок.