Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дали ќе видиме шокантно враќање на Астуриецот?
Лучиано Спалети е блиску до Јувентус. Ако, Макс Алегри го напушти Јувентус, речиси е извесно дека некогашниот тренер на Удинезе и Зенит кој веќе во 2004 година беше пред вратите на Јувентус ќе стигне во Торино.
Тој не е во добри односи со раководството на Рома, не одговори на понудата за продолжување на договор, а претседателот Палота го критикуваше во јавноста.
Јуве на листата, освен Спалети, ги има Симеоне, Жардим и Соуза, но тренерот на Рома е најблиску до клубот.
Рома подготвува бомба.
Имено, тие во клубот ќе пробаат да го вратат Луис Енрике.
Шпанецот ја тренираше Волчицата, немаше некои резултати, но има добар тим на располагање.
После се преку Селта стигна до Барселона која ќе ја напушти на крајот на сезоната.
„Лучо“ остана во добри односи со сите во Рома, понудата е интересна, притисокот е помал отколку во Барса, а може да спроведе одредени идеи во дело, како и да има повеќе влијание на трансфери.
Поради тоа не би било баш неочекувано, но во тоа ќе се зборува дури во мај.