Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Завршниот дел од тениската сезона е највозбудлив во последните неколку години, Ѓоковиќ и Мареј се борат за 1-то место на АТП листата на крајот на годината.
На АТП листата, Ѓоковиќ моментално има 12.900 поени, а Мареј 10.485, па и покрај големата разлика, постои можност Мареј во првата недела на ноември да стане број 1.
Услови за тоа се тој да го освои турнирот во Виена(500 бодови) и Париз(дополнителни 400 во однос на минатата година), па во случај на таков развој тој би можел да биде прв.
Кога станува збор за тоа кој ќе биде прв на крајот на годината, ќе ја олесниме пресметаката со поглед на Рејс листата во која се гледаат резултатите во тековната година – тука Мареј по титулите во Пекинг и Шангај му се доближи на Ѓоковиќ на 915 бодови.
Колку му значи првото место, Енди потврди и со задоцнатата пријава за споменатиот турнир од серијата 500 во Виена кој започнува на 24 октомври.
„Верувам дека можам да дојдам до 1-то место, дефинитивно верувам, си го докажав тоа на себеси во последните неколку месеци. Ќе дадам се од себе.“
Од друга страна, Ѓоковиќ испадна во ½-финале во Шангај и неколку пати изјави дека моментално приоритет му е да ужива во тенисот, а не борбата за број 1.