Борусија до Обамејанг – Помалку зборувај!

Управата на Дортмунд го советуваше својот фудбалер во јавност да зборува помалку за плановите за лето.

Тој во последно време се повеќе зборува дека ќе го напушти тимот на Дортмунд, а таквите изјави не им се допаѓаат на членовите на управата.

„Имавме краток состанок со него и го советувавме да зборува помалку за тоа, а повеќе да се концентира на борбата за пласман во ЛШ. Имаме одличен однос со него, но моравме да направиме нешто.“

Обамејанг досега постигна 16 голови на 16 натпревари.