Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Судијата не досуди пенал во ситуација кога Брашанац можеше да постигне гол.
Чист црвен картон! Дури ниту во Мадрид никој нема дилема дека судијава вечерва му прости на Навас прекршок против Дарко Брашанац.
Контроверзна ситуација во 23-та минута од натпреварот. Брашанац феноменално направи контра и побегна на одбраната на Реал. Никој од дефанзивците на Реал не можеше да го стигне, па истрча Кејлор Навас, на 20 метри и влета во Дарко и го сруши.
По сите правила, Навас требаше да добие црвен картон, а Брашанац имаше чиста позиција и немаше намера да падне.
Во текот на натпреварот и „Марка“, традиционално посветена на Реал го праша својот експерт за судење Оливер Андухар да ја прокоментира ситуацијата.
А тој кажа дека Брашанац бил во идеална позиција да постигне гол, Навас намерно го направил прекршокот и морал да добие црвен картон.