Алонсо не запира: Ќе вози во Формула 1 и со 46 години

ФЕРНАНДО АЛОНСО потпиша нов договор со Aston Martin и ќе продолжи да вози во Формула 1 и во 2027 година. Британскиот тим потврди дека 45-годишниот Шпанец ја продолжил соработката, како и неговиот тимски колега Ланс Строл. Точното времетраење на новите договори не е објавено.

Алонсо така ќе продолжи со рекордно долга кариера во Формула 1 следната година. Двократниот светски првак во јули 2027 година ќе наполни 46 години, а Aston Martin со неговото потпишување ги прекина долгомесечните шпекулации околу тоа дали ќе продолжи да вози по завршувањето на актуелната сезона.

“Многу сум среќен што потпишав нов договор со Aston Martin. Зедов време за оваа одлука, но трките се мојот живот и мојата страст. Знам дека сѐ уште имам брзина и решителност потребни за натпреварување на највисоко ниво,” рече Алонсо.

“Долгорочно сум посветен на овој тим и сакам да му помогнам да успее. Навистина верувам во она што го градиме. Имаме силно водство, неверојатни луѓе, партнери и инфраструктура,” додаде двократниот светски првак.