Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Фудбалерите на Брајтон и Саутемптон ремизираа (1:1) во првиот неделен натпревар од 10. коло од Премиер Лигата.
Во не толку интересен натпревар на „Ејмекс“ стадионот имаше само три удари во рамките на голот, од кои два беа дело на домашните играчи.
Почетокот на натпреварот не навестуваше такви настани затоа што гостите брзо дојдоа до предност. Ворд Праус ја погоди стативата од слободен удар, а на одбиената топка налета Дејвис кој го отвори резултатот.
Брајтон до израмнување стигна преку Мари во 52. минута. Искусниот напаѓач со глава ја затресе мрежата на гостинскиот тим по одличниот центаршут на Грос.
По 10 кола Брајтон се наоѓа на 11 место со 12 бодови, додека Саутемптон со бод повеќе е на деветтото место.