Ван Бастен за продавањето на Милан, кинеските милиони и навивачите од фотеља


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Знате што ме прави уште потажен? Кога ќе го видам Сан Сиро полупразен“, порача Холанѓанецот.

Легендарниот Марко ван Бастен брутално искрено ја анализираше причината за пропаѓањето на Милан и генерално италијанскиот фудбал.

Пред дербито со Наполи зборуваше и за влезот на кинеските инвеститори меѓу Росонерите, но за повеќегодишната доминација на Јувентус.

„Не ми се допаѓа идејата за кинески Милан“, право во глава, народско речено, отпочна некогашниот напаѓач на Росонерите во разговор за Газета дело Спорт.

Во последните две сезони Росонерите не успееја да изборат настап во европските натпреварувања што е случај незабележан веќе три децении.

„Знаете што ме прави уште потажен? Кога ќе го видам Сан Сиро полупразен. Ни на другите италијански стадиони ситуацијата не е подобра. Сите останати се заглавени во деведесеттите години. На Милан недостасува големи имиња во екипата, но и модерен стадион“.

Ван Бастен  доминацијата на Јувентус во Италија ја гледа како логична последница и резултат на добрата работа на управата.

„Јувентус е затоа шампион, има силна екипа и свој стадион. Клубот инвестираше во иднината, и сега ги собира плодовите од тоа. Затоа можат да го платат Игуаин 90 милиони и да вложат во Дибала“.

А пред 10 години Јувентус беше исфрлен во Серија Б поради Калчополи, па тоа талкаа се до 2011 година, последно кога Росонерите беа шампиони во Серија А.

„Милан не ја искористи предноста која ја имаше во еден момент. Скандали, проблеми со стадионоот, кавги… И затоа сега гледа во грбот на другите“.

Премногу грешки и лоши потези, според мислењето на легендарниот Холанѓанец направија челниците на Милан.

„Што е грешка? Премногу се размислуваше за пари, за тие кои гледаат телевизиски преноси, а помалку за навивачите,. Немаше визија и поставувањето на долгорочни цели“.

Ван Бастен, за дуелот за претстојното дерби со Наполи, се потсети на дуелите кои ги играше како играч на Милан против тој клуб.

„Какви тоа беа битки со Марадона, Карека, Бруно Џордан и Чиро Ферара…Имавме и ние одлични играчи, а мислам дека како екипа бевме подобри“.

Како сега стојат работите и кој ќе се радува меѓу младите генерации ќе видиме во сабота од 20:45, кога Росонерите ќе ги угостат Наполитанците.