Вардар добива големо засилување пред натпреварот со Шкендија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од таборот на Вардар конечно доби позитивни вести од Светската фудбалска федерација (ФИФА) во однос на Максимов.

Имено, најголемото засилување на Вардар, Максим Максимов кој не смееше да игра за „црвено црните“ 39 дена поради жалбата на неговиот клуб Тракаи за наводен нелегален трансфер, сега може да настапува за својот нов клуб.

Рускиот интернационалец во Вардар пристигна во финалните денови од преодниот рок, а неговиот сега веќе поранешен клуб Тракаи поднесе жалба до ФИФА со образложение дека играчот има договор и со двата клуба.

Сепак, ФИФА даде привремено зелено светло за играчот кој може веднаш да му се стави на располагање на Чеде Јаневски.