Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Екипата на РК Вардар продолжи со феноменалните игри во СЕХА лигата победувајќи ја српска Војводина со 33:26.
Роберто Гарсија Парондо шанса им даде на ракометарите кои немаат голема минутажа во поважните натпревари, а деби на голманската позиција имаше и за новиот голман од Алжир, Калифа Гедбан.
Покрај Гедбан поголема минутажа добија и Калараш, Војводиќ, Поповски, Недановски, Кисељев и Оцвирк. Сите ја искористија шансата пружена од Парондо и донесоа нов триумф за Вардарци, 30ти во последните 31 натпревар во СЕХА Лигата.
Вардар- Војводина 33:26
Гедбан (9 одбрани), Петковски, Кизиќ, Недановски1, Оцвирк 2, Поповски 2, Криштопанс 2, Карачиќ 1, Скубе 4, Калараш 3, Чупиќ 3, Дибиров 2, Шишкарев 1, Војводиќ 3, Кисељев 9.