Венгер наговести заминување на напаѓач


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се споменуваше дека шпански фудбалер ќе замине од Арсенал на крајот на сезоната, а изгледа дека тоа навистина ќе се случи.

Пред неколку месеци се зборуваше за Лукас Перез кој не беше задоволен со времето кое го поминува на терен во екипата на Арсен Венгер.

Не играше премногу во Арсенал, иако стигна како засилување од Ла Коруња на стартот на оваа сезона и иако речиси секогаш ја користеше на најдобар можен начин својата шанса која му ја укажа францускиот стручнак.

Поради тоа и побара заминување, иако Венгер тоа го криеше некое време.

Сепак, се излезе на виделина.

„Јас би сакал да го задржам, но мораме да седнеме и да разговараме за шансата да игра наредната сезона. Тој е одличен напаѓач, но не можам да му дадам време на терен колку што бара, го признавам тоа. Малку ми е жал“, рече Венгер, наговестувајќи го заминувањето на овој фудбалер.