Верати ги шокира „светците“ бара да замине од клубот

„Л’Екип“ денес објави дека Марко Верати им кажал на челниците на ПСЖ дека сака да го напушти клубот.

Италијанецот за кого постои интерес од Барселона, Челси, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити го информирал директорот на ПСЖ, Антеро Енрике дека сака да го напушти францускиот клуб.

Сепак, претседателот на парижаните, Насер Ал-Келафи не сака да го продаде Верати.

Вредноста на Марко Верати е проценета на 80 милиони евра.