Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристијано Роналдо во моментов со 17 погодоци е прв стрелец во Серија А, но сепак на еден од најдобрите светски фудбалери нешто не му оди.
Имено, статистиката вели дека Кристијано Роналдо е најлош изведувач на слободни удари во Серија А.
Овој податок го извадија новинарите на „Фокс Спортс“ од Азија. Роналдо се обидел од 13 слободни да го совлада противничкиот голман, но на големо изненадување не постигнал ниту еден погодок. На нула се и Инсиње и Сијано, но тие двајца имаат далеку помалку удари кон голот на противникот.
Најдобар во овие параметри е Аркадиуш Милик со два гола од три обиди од слободен удар, додека втор е Коларов со два гола од седум обиди.