Верувале или не – Тренерот на Селта ги одмора играчите против Реал!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Селта Виго  е еден од најнезгодните противници на Реал мадрид во претходните години.

Често се случуваше Селта да ги победи „Кралевите“. Секогаш имаат мотив повеќе кога играат против нив, а успеаа да ги осфрлат и од купот во ¼-финалето.

Во недела играат повторно меѓусебно. Реал гостува кај Селта, а тренерот на Селта најави интересни работи пред натпреварот.

Одлучи да ги одмора главните фудбалери, за во среда да ги има свежи своите фудбалери во натпреварот од ½-финалето против Алавес.

Селта не успеа да победи во првиот натпревар, односно заврши натпревар со резултат 0:0.

Тоа е причина зошто неколку главни играчи нема да ги гледаме против Реал, а овоој потег би можел да го искористи тимот од Мадрид.

Селта е моментално 8-ма во Примера додека Реал е прв со 46, 4 повеќе од Барселона, но и натпревар помалку.