Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Расел Вестбрук одигра фантастичен натпревар против Сан Антонио, но неговиот тим изгуби.
Бекот на Оклахома стигна до својот 39-ти трипл-дабл во сезоната, откако постигна 32 поени, 15 скокови и 12 асистенции.
Оваа сезона тој стигна до неколку рекорди, а до крајот на регуларниот дел од натпреварувањето би можел да го сруши рекордот на Робертсон од сезоната 1961/62 кога постигна 41 трипл-дабл.
Со оглед на тоа дека Оклахома ќе одигра уште 7 натпревари во регуларниот дел, Вестбрук има големи шанси да стигне до уште еден рекорд.