Вестбрук ја однесе Оклахома до победа против Далас!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Кошаркарите на Оклахома стигнаа до победа против Далас со 92:91, а поените за победа ги постигна Вестбрук во последните секунди.

Далас подобро го отвори натпреварот и на полувреме замина со 15 поени предност, но гостите не се предадоа и на крајот стигнаа до победа.

Вестбрук стигна до својот 37-ми трипл-дабл во оваа сезона, откако постигна 37 поени, 13 скокови и 10 асистенции.

Оладипо постигна 15, а Гибсон 13 поени додека кај Далас најдобар беше Ноел со 15 поени,а  го следеа Матјус со 15 и Ферел со 13 поени.