Вест Хем најде одлична замена за Билиќ?

Медиумите пренесуваат дека Вест Хем одбрал тренер чие донесување ќе биде приоритет во слуачј Билиќ да замине од тимот.

На мета се наоѓа Симоне Инзаги, 41-годишниот тренер на Лацио кој има одлични резултати оваа сезона.

Инзаги имаше понуда од Фиорентина, која ја одби, а не би чудело ако така му одговори и на Вест Хем, со оглед на тоа дека Лацио започна многу добар проект кој најверојатно не сака да го прекине.

Во Лацио исто така се задоволни од него и сакаат да му понудат нов договор, па останува да се види што ќе биде од сето ова.