Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од заминувањето на Чичарито од Вест Хем најверојатно нема да биде ништо.
Не е тајна дека овој 30 годишен мексикански фудбалер не е воопшто среќен во Вест Хем и дека се посериозно размислува за промена на средината, а како најкоректна во борбата за неговите услуги се покажа Валенсија.
Челниците на Валенсија очајнички се обидуваат да најдат замена за Мичиј Батшуаиј кој замина во Монако, а се збори дека популарниот Чичарито како сличен тип на играч идеално би се вклопил во новата шема, но на крај шпанците ќе мора да најдат друго решение.
За трансфер во Валенсија и самиот Хернандез беше заинтересиран, но како што пишува Марка управта на Вест Хем стопира се бидејќи не сака така лесно да се откаже од моментално првиот стрелец.
Хернандез за Вест Хем настапува од летото 2017 година, а во минатата полусезона за тимот од Лондон одигра 14 натпревари во Премиер лигата и притоа постигна четири погодоци со две асистенции.
Претходно во кариерата играше за Манчестер Јунајтед, Баерн Леверкузен, Реал Мадрид и Чивас.