Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилскиот интернационалец кој пред десетина дена го направи најскапиот трансфер во историјата на фудбалот своето деби за ПСЖ го зачини со гол и асистенција.
ПСЖ во првиот дел се мачеше да го пробие бедемот на Гингамп, но залудни беа сите напори.
Во вториот дел домаќините исто така одлично ги затвораа играчите на Унаи Емери, но во 52. минута си постигнаа смешен автогол преку Икоко, и се што направија во тој неполн час пропадна во вода.
Потоа фудбалерите на ПСЖ добија поголема слобода низ теренот, а тоа беше причина да постигнат уште два погодоци во мрежата на Гингамп.
Најпрво Едисон Кавани го совлада Џонсон по одличното додавање од Нејмар, за во 82. минута Бразилецот да го постигне својот дебитантски гол во првиот настап за ПСЖ.
Primeiro de Neymar com a blusa do Paris! ❤️? pic.twitter.com/dN2VBn4dyN
— Portal NJR (@njrnewsbra) August 13, 2017