Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Младата јапонска тенисерка Наоми Осака го освои првиот грен слем турнир во кариерата, со победа во финалето на Ју-Ес опен против Серена Вилијамс со 2-0 во сетови.
Осака ја победи легендарната Американка во возбудлив дуел со 6-2 и 6-4 за еден час и 19 минути игра и стана првата Јапонка, која освоила грен слем турнир.
Американката лошо го почна дуелот, а тоа знаеше како да го искористи помладата противничка, која сосема заслужено го освои турнирот во Њујорк.
Осака со освојувањето на Ју-Ес опен доби парична награда од 3,8 милиони долари.