Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Борусија Дортмунд го доби дербито во 18. коло од германската Бундеслига против Лајпциг со 1-0.
Дортмунд на тој начин се одалечи на шест бодови предност во однос на нивниот главен конкурент Баерн Минхен.
Голот за победа на Дортмунд го постигна Аксел Витсел во 19. минута, а иако имаше во продолжение уште неколку шанси, сепак мрежите останаа да мируваат.
„Милионерите“ имаат 45 бодови на првото место, шест помалку има Баерн, додека Лајпциг е на четвртата позиција со 31 бод, а трета е Борусија Менхенгладбах со 36 бодови.