Влезниците за натпреварот Реал – ПСЖ достигнуват луди цени: Картите распродадени за 37 минути


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Влезниците се распродадени за помалку од 37 минути, а можат да се најдат во препродажба, за луда цена и до 24.000 евра, наместо 300 колку што им беше регуларната цена.

За спас на сезоната, на Кралевите им преостана уште натпреварувањето во Лигата на шампионите, па така овој натпревар можеби е од најголемо значење.

Првиот натпревар ќе се одигра на 14. февруари, па така доколку Реал сака да стигне до трофејот во ЛШ, ќе мора да помине преку моќниот ПСЖ.

Многумина овој натпревар го прогласија за натпревар на сезоната, натпревар за спас, а свесни за тоа се и навивачите, па картите се распродадоа за многу кратко време.

Големата побарувачка ја користат препродавачите, па на „црниот пазар“, цената на влезниците скокнала до неверојатни 24 илјади евра.

Ова го истражуваше Marca, па на StubHub, откриле продажба на влезница, на која регуларна цена е 300 евра, а се продава за 24.080 евра.