Внукот на Фитипалди на академијата на Ферари


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


15-годишниот внук на легендарниот Емерсон Фитипалди стана член на академијата на Ферари за млади возачи.

Енко Фитипалди успешно ги помина сите тестови на патеката „Фиорано“, а со него на академијата дојде и Маркус Армстронг.

Ферари е познат по програмата за млади возачи, низ неа поминаа Серхио Перез, Ланс Строл кој ќе вози за Вилијамс наредната сезона и Жил Бјанки кој, за жал, не е повеќе со нас.