„Водството е убаво изненадување!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Возачот на Јамаха, Роси призна дека по трката во Тексас дека водството во генералниот пласман е убаво изненадување за него.

Италијанецот ја заврши трката во Остин на второ место, а по падот на Вињалес го превзема првото место во генералниот пласман.

„Тоа е големо изненадување, убаво изненадување, особено по претсезонските тестови кога одеше навистина тешко. Но очигледно е дека на мене и мојот тим ни беше потребно малку повеќе време.“

Роси ја спореди Јамаха со минатогодишната во ова време.

„Сега можам да напаѓам, така беше со Кал во Аргентина и Дани овде. Можам да напаѓам, минатата година бев брз, но секогаш еден дел од трката моторот беше лош.“