„Војната“ на Рамос и Ловрен ја коментираше и Просинечки


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Фудбалерите на БиХ синоќа беа поразени од Шпанија.

Изминатите денови селекторот на БиХ даде голем број на интервјуа, помеѓу кои и за шпанска Марка.

Едно од прашањата се однесуваше на однесувањето на Дејан Ловрен кој после победата на Хрватска над Шпанија ги навредуваше Шпанците со погрдни зборови, а на Серхио Рамос му порача

„Ааа-ха Три-два. Па ти пак зборувај на конференција мајсторе. Тоа се п**ки обични. Само ова вреди, тука“, кажа тогаш Ловрен, поважувајќи на грбот на својата земја.

Просинечки беше сосем јасен по тоа прашање.

„Нешто слушнав околу тоа, но не прочитав во целост. Не можам да навлегувам што Ловрен говори и мисли, ниту да оценуам, но сигурно дека тоа не беше убаво“, рече Просинечки.

Рамос синоќа не настапи во дресот на Шпанија.