ВТА Сингапур: Кербер без милост кон Радванска


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Првата тенисерка во светот, Кербер ќе игра во финале на турнирот во Сингапур, откако денес беше подобра од Агњешка Радванска со 6:2 и 6:1.

    Кербер и оддржа тениска лекција на својата ривалка, па така се израмни со нејзе во меѓусебни дуели на 6:6.

    Во финалето Кербер ќе игра против Доминика Цибулкова, која претходно беше подобра од Кузњецова со 2:1 во сетови.

    Кербер и Цибулкова досега играа 8 пати, а резултатот е 4:4.