Швјонтек прифати едномесечна суспензија поради допинг


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Петкратната гренслем-освојувачка, Ига Швјонтек, прифати едномесечна суспензија откако тестот покажа позитивен резултат за забранетата супстанција триметазидин, лек за срце познат како ТМЗ, објави Меѓународната агенција за интегритет во тенисот во четвртокот.

Швјонтек не успеа да помине на тест за допинг надвор од натпреварите во август, и агенцијата го прифати нејзиното објаснување дека резултатот бил ненамерен и бил предизвикан од контаминација на лек без рецепт, мелатонин, кој Швјонтек го користела за проблеми со промената на временските зони и спиењето.

„Беше утврдено дека нема целосна вина за случајот“ објави агенцијата.