Вучевиќ ги уништи Леброн и друштвото во Стејплс центарот

Во стандардниот неделен термин од 21.30 часот по средноевропско време, одигран беше еден натпревар во НБА лигата во кој Орландо Меџик како гостин го совлада тимот на ЛА Лејкерси со 108-104.

Натпреварот беше поприлично чуден бидејќи и двата тима доминантно славеа и во двете четвртини. Првата им припадна на Лејкерси со резултат од 29-19, а втоата на Орландо со 32-23, па Лејкерси после првото полувреме имаа минимална предност 52-21.

Клучна беше третата четвртина во која повторно доминираше Орландо, каде што славеше 35-19, и во последниот дел влезе со +15. Меѓутоа, Леброн и друштвото не се предаваа па успеаа да стигнат до израмнување и пред крајот на средбата беше 104-104.

Но, за пресврт беше касно, па на крајот Орландо славеше со 108-104, а за тоа најзаслужен беше Никола Вучевиќ. Црногорецот одигра феноменален меч и за 36 минути на паркетот постигна 31 поен, 15 скокови и седум асистенции, заедно со две украдени топки и три блокади.

Во тимот на Лејкерси најмногу се истакна Леброн Џејмс со 24 поени.