Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити Пеп Гвардиола рече денеска дека на крилото на на тој тим Лерој Сане му „треба време“ за да го исполни својот потенцијал.
Сане во минатото лето дојде од Шалке за 42 милиони евра, но бавно ја почна својата кариера во Сити, каде што не постигна гол во своите први 12 натпревари.
Во последно време, меѓутоа, почна да го покажува својот потенцијал, а во неделата во победата над Сандерленд од 2:0 постигна гол во својот трет натпревар по ред.
„Му треба време. Англиските играчи како што се Рахим Стерлинг и Џон Стонс му помогнаа да влезе во тимот и да почне да учестува. Добро игра, но му покажавме снимки од натпреварите на кои се гледа дека некои работи не ги работи така добро, што значи дека може да се подобри“, рече Гвардиола.
Тренерот истакна дека тоа не е нормално.
„Не можеме да очекуваме од 21 годишен да заврши со развој. Сеуште не одигра цели 90 минути, а во некои натпревари може да исчезне по малку, но тоа е се дел од процес. Затоа убаво е да работите со млади играчи, бидејќи можете да замислите како ќе стане подобар во наредните неколку години“, рече Гвардиола.
Сити денеска игра против Стоук во Премиер лигата.