Гвардиола продолжува да троши, двајца од овие четворица стигнуваат на Етихад!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јасно е, комплетен ремонт на одбраната на мени, ќе бидат потрошени огромни пари…

Бернардо Силва веќе потпиша за Сити, Менди и голманот Емерсон се блиску до „Граѓаните“, тоа е веќе 150 милиони во преодниот рок.

И не е крај, за уште стотина, Гвардиола има намера да доведе два нови одбранбени играчи.

Потребен му е десен бек, не е новост, го сака Кајл Вокер од Тотенхем, цената е околу 50 милиони евра и се чини д ека Сити тоа ќе го плати, испадна Бељерин, па репрезентативецот на Англија е сигурно најдобро решение во овој момент.

Сања и Забалета го напуштија клубот, па така е јасно дека Шпанецот сака да ја промени комплетната одбрана.

Потребен му е уште еден стопер, и за него е спремен да плати околу 50 милиони евра, три имиња се во нотесот на Гвардиола.

Еден е Лео Бонучи, ќе видиме дали Јувентус ќе прифати, вториот е Маркињос од Пари Сен Жермен кој е тешка мета. Него го сака и Барселона, малку е веројатно дека Парижаните ќе го пуштат некогашниот играч на Рома.

Трет е Ајмерик Лапорт, стара желба, Баскиецот Гвардиола го сакаше и во Барса, а и во Баерн.

Лапорт, капитен на Билбао, нема повеќе клаузула опд 50 милиони за заминување, но ако инсистира на трансфер „Лавовите“ ќе го пуштат. Сепак, прашање е дали има желба да замине.

Во секој случај, Гвардиола со уште двајца дефанзивци, плус Менди и опоравениот Компани веќе има одбрана која е во целост нова во однос на минатата сезона, практично ќе преживеат само Коларов и Стонс, но тие можат да бидат алтернативи, веројатно засилувањата ќе имаат предност.