Гвардиола: Работата со Кројф беше како секој ден да одите на училиште

Гвардиота му се приклучи на првиот тим на Барса додека холандскиот стручњак, Јохан Кројф сеуште беше на чело на каталонскито клуб и тоа му дојде како кец на десетка.

Гвардиола за медиумите изјави дека Кројф е најажната личност со кој имал прилика да работи во својот живот.

„Јохан Кројф е најважната личност со кој сум работел. Ми ги отвори очите со својот стил за фудбал. На секој му помагаше, за на расличен начин да почнеме да го гледаме фудбалот, а неговите тренинзи беа како секој ден да одите на училиште. Секој пат гледавме нешто ново. После натпреварите во кои победувавме, доаѓаше во соблекувалната и ни објаснуваше зошто сме победиле“, рече Гвардиола и додаде:

„Тоа е човек кој едноставно не натера да се заљубиме во фудбалот. Заедно со Ариго Сачи се личности кои најмногу ја променија оваа игра. Не е случајност што многумина играчи кои беа тренирани од Кројф или Сачи станаа многу добри тренери. Едноставно тие ни дадоа љубов спрема фудбалот и тоа е главна разлика“.

После играчката кариера, шанса за докажување доби токму во Барселона, а веќе во првата сезона ги освои Ла Лига и Лигата на шампионите. Со каталонскиот клуб стигна до 14 големи трофеи за четири сезони, што е навистина неверојатно.