Годишница на Зидан: Има повеќе трофеи отколку порази!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Помина точно година дена откако Зинедин Зидан седна на клупата на Реал. Тој се пошегува дека во таа година ја загуби косата, но всушност тоа беше страшна година!

За почеток :има повеќе трофеи (3) отколку порази (2)! Реал е водечка екипа во Ла Лига со три бода повеќе од Барселона и девет од Атлетико, и натпревар помалку од двете екипи.

Реал на Зидан испиша историја со 37 натпревари без пораз, низа која трае. И се тоа во сезона во која Кристијано Роналдо најмалку играше!

Златна топка, имено, собра само 1.683 минути во 19 натпревари во оваа сезона. Помалку од тоа имаше само во првиот дел од сезоната 2009/10 (877 минути во 12 дуели), кога се повреди против Марсеј.

Додека, на пример, во 2012/13 во есента одигра 2.270 минути во 26 дуели.

„Ова е една опд најдобрите фази во историјата на клубот“, се слуша низ ходниците на Бернабе, пишува Гоал.

А Зидан е најдобар можен амбасадор на Реал: шампион, љубезен, амбициозен, екипата многу го респектира поради големата играчка кариера, но и начинот на кој ја решава ситуацијата со многу ега во соблекувалната.