Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Орландо со убедливи 114:93 изненадувачки славеше на гостувањето кај актуелниот вицешампион, Кливленд.
Меџик водеше со 18 коша разлика по првата четвртина, во еден момент и со 21 поен и воопшто не попуштаа со полнењето. Во последната четвртина Орландо водеше дури и со 37 поени разлика. Ова е прва победа за Меџик против Кливленд уште од 2012 година со што е прекината низата од 17 порази по ред. Никола Вучевиќ беше најпрецизен кај Орландо со 23 поени, Џонатан Симонс постигна 19. Ле Брон Џејмс со 22 поени и Иман Шумперт со 21 беа најефикасни за Кливленд.
Голден Стејт Вориорс беше поразен во Мемфис, но повеќе од поразот би можеле да болат казните кои ќе ги добијат Стеф Кари и Кевин Дурант. Првиот при еден продор, каде постигна кош, сметаше дека истовремено е фаулиран па поради протест го гаѓаше судијата со заштитникот за забите. Кевин Дурант дополнително ги провоцираше судиите, а камерите успеаја да го забележат како покажува среден прст на домашната публика. Без сомнение дека при овие ситуации ќе реагира НБА со дополнителни казни за играчите. Што се однесува до натпреварот, Мемфис во третата четвртина направи предност од 19 поени, а одличен на теренот беше Марк Гасол со 34 поени и 14 скокови. Голден Стејт беше предводен од Стеф Кари кој натпреварот го заврши со 37 поени.
Нов убедлив пораз забележа Феникс Санс кој овој пат беше поразен од Лос Анџелес Клиперс со 42 поени разлика (130:88). На овој натпревар повреда заработи новото засилување за Клиперси, Милош Теодосиќ.
Резултати:
Торонто- Филаделфија 128:94
Кливленд- Орландо 93:114
Мајами- Индијана 112:108
Њујорк- Детроит 107:111
Чикаго – Сан Антонио 77:87
Хјустон- Далас 107:91
Мемфис- Голден Стејт 111:101
Милвоки- Портланд 113:110
Денвер- Сакраменто 96:79
Јута- Оклахома 96:87
Лос Анџелес Клиперс- Феникс 130:88