Голем пресврт во случајот Џо Харт


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во последните неколку недели многу се пишуваше за можно враќање на англискиот голман Џо Харт во Премиер лигата.

Интерес за 29-годишниот голман, кој моментално е член на Торино на позајмица од Манчестер Сити, покажуваа многубројни тимови, а меѓу кои се и Ливерпул, Челси, Вест Хем…

Сепак, изненадувачки може да дојде до интересен пресврт во случајот Џо Харт.

Иако потпиша младиот голман Вања Милинковиќ – Савиќ, претседателот на Торино Каиро тврди дека Харт лесно може да остане член на Биковите.

„Сеуште не донесовме конечна одлука. Кога ќе му истече позајмицата, тогаш ќе зборуваме со него. Милинковиќ – Савиќ има само 19 години, Синиша Михајловиќ го гледа како наш Донарума и ќе размислиме за се.

Ќе видиме какви условите ќе бидат, но може да остане меѓу нас“, истална Каиро.

Меѓутоа, многу пореална опција е Харт да се врати во Англија. Тој веќе порано сите ги изненади со изборот на Торино како клуб за позајмица, па на голема врата во наредното лето може да се врати на голот на некој тим од Премиер лигата. Во дресот на Торино во оваа сезона Англичанецот стоеше 22 пати, а прими 30 голови. Шест пати ја сочува мрежата.