Готово е: Арсенал го има Обамејанг

Како што пишува „Скај Спортс“ Арсенал постигнал договор со Борусија Дортмунд за услугите на Пјер Емерик Обамејанг.

Двата клуба се договориле за сума од околу 60 милиони фунти и многу е веројатно дека Габонецот ќе го замени Алексис на „Емирати“.

„Скај Италија“ пак јавува дека од Арсенал постигнале договор и со самиот играч и сега се чека само на официјално потпишување на документите од двата клуба.

Договорот треба да биде официјализиран во следните 48 часа.