Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот репрезентативец успеа во намерата да го напушти Вест Хем.
Димитри Паје во оваа зима ќе ги напушти редовите на Вест Хем и ќе се врати во татковината, потврди добро информираниот весник Лекип.
Според овој избор, Олимпик Марсеј и Вест Хем склучија договор вреден 25 милиони евра за враќање на Паје на Велодром после само година и пол дена.
Марсеј треба одма да плати 22 милиони и преостанатите три во бонуси.
Лекип истовремено пишува дека Вест Хем пробува да го продаде Паје за поголеми пари во Кина, но Французинот инсистира на враќање во татковината од приватни причини.
Паје веќе ја испрати својата фамилија назад во Марсеј, сака се да заврши во наредните 48 часа со цел да може да дебитира повторно за Олимпик Марсеј во дербито со Лион во недела вечер!
Спортскиот директор на Марсеј Андони Зубизарета ќе отпатува денеска во Лондон со цел да го заврши веројатно најголемиот трансфер во Лига 1, со Хулијан Дракслер кој го засили ПСЖ.
Значи, наскоро се очекува и официјална потврда на овој трансфер, освен доколку Вест Хем не направи проблем на својот најдобар играч.