Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Навистина неочекувано, Сити падна во Њукасл, во овој момент останаа четири бода предност, но, ако Ливерпул вечерва го добие Лестер на домашен терен, ќе има позитива од 7 бодови на врвот на табелата.
Синоќа на „Сент Џејмс Парк“, можеби одлучи една ситуација.
Имено, Де Бруин го игнорираше судијата, брзо изведе слободен удар по кој Агуеро постигна погодок, а веќе во тој момент „Граѓаните“ имаа водство од 1:0.
Да беше погодокот на Агуеро важечки, тоа веројатно би била точка на мечот. Сепак, судијата Пол Тирини го поништи погодокот, му даде жолт картон на Белгиецот, кој тврдеше дека не слушнал кога му рекол да го почека свирежот пред да го изведе прекинот.
Подоцна, Тирини му прости црвен картон на Де Бруин, кој го заслужи по стартот над Мато Ричи, па Гвардиола го извади од игра поради страв дека ќе остане со десет играчи на теренот.
Деталите од првиот дел, како што сметаат Англичаите, можеби и го реши прашањето околу шампионот во Премиер лигата оваа сезона…