Дали Рамос и Кристијано подготвуваат заговор? Зидан веќе ја направи листата!

Највлијателните фудбалери во соблекувалната веруваат дека моралните квалитети на напаѓачот не се добри за Реал. Тренерот има свои идеи, па следуваат големи промени.

Реал и понатаму мирува во преодниот рок, освен трансферот на Кепа кој ги помина лекарските прегледи и  Реал за него ќе плати клаузула од 20 милиони евра.

Според некои информации кои пристигнуваат од Шпанија и кои наводно Пике им ги кажал на медиумите, тоа е информацијата дека Рамос и Роналдо го блокирале трансферот на Икарди.

За него би било наједноставно да се најде решение, да се продаде Бензема и да се плати клаузулата од 110 милиони. Но Рамос и Роналдо сметаат дека тоа не е добар фудбалер за нивната соблекувална.

Јасно, ова се само шпекулации на медиумите и сеуште не е познато дали има вистина во тоа, но како и да е, Зидан има некои други цели.

Тој ако остане, а Роналдо ако замине, би сакал да го донесе Нејмар околу кој ќе го гради тимот или евентуално Еден Азар. Со нив, опција би бил и Хари Кејн, но тоа е тешка мисија.

Освен овие фудбалери, се бара и алтернатива за лев бек, Тео Ернандез засега не ја задоволи управата, но и уште еден стопер би требало да пристигне кој ќе биде замена за Рамос.