Две нови имиња во стручниот штаб на Вардар


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вардар и официјално го претстави белгискиот тренер Стефан ван дер Хејден како нов асистент на Чеде Јаневски.

Покрај ван дер Хејден во клубот како тренер на голманите дојде и Мане Манев како замена  за Саша Илиќ кој после три и пол сезони си заминува од клубот.

Ван дер Хејден е поранешен белгиски репрезентативец, а во играчката кариера настапувал во неколку силни клубови од Белгија. Тренерската кариера ја градел како асистент во екипите на Бриж, Локерен и Беверен.

Манев во првиот клуб доаѓа од младинските категории на Вардар, а во минатото бил дел и од стручниот штаб на репрезентацијата на Македонија.