Деле Али ги провоцираше навивачите на Арсенал, па доби шише во главата


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тотенхем се пласираше во полуфиналето од англискиот Лига куп после победата на гости против лутиот ривал Арсенал со 2-0.

Гостинскиот тим дојде до победа со головите на Сон и Деле Али, па се осветија на Арсенал за поразот во Премиер лигата од пред неколку седмици.

Во вториот дел Деле Али се најде на удар на навивачите на Арсенал. Тој во неколку наврати ги провоцираше навивачите, а тие жестоко му вратија. Тој беше погоден со шише во главата кое го фрли еден навивач, а играчот на Тотенхем продолжи со провокации.