Дембеле пред вратите на Олд Трафорд


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед почна преговори со шкотскиот великан Селтик за трансфер на францускиот фудбалер, Муса Дембеле.

Овој  21 годишен фудбалер долго време е во центарот на вниманието во англиските медиуми. Одличниот играч привлекува големо внимание, а со одличните настапи продолжи и оваа сезона.

Менаџерот на Јунајтед, Мурињо е голем љубител на играта на овој фудбалер. Тој одлучи да го доведе на Олд Трафорд и првата фаза веќе е направена.

Наскоро се очекува и официјална понуда од Црвените ѓаволи. Не е позната сумата што ќе ја понуди Јунајтед, но се очекува да биде во повеќе десетици милиони.

Дембеле е член на Селтик од 2016. година. Претходно играше за Фулам, чиј член беше на младинскиот состав, а кариерата ја започнал во ПСЖ.

Оваа сезона одигра вкупно 14 натпревари и постигна седум голови.