Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Централниот бек на Лион, Марсело кажува дека му било многу потешко да го чува Мбапе, отколку Меси.
Неговиот Лион оваа сезона се сретна и со ПСЖ и со Барселона, така да Марсело имаше прилика да ги чува и двајцата, но кажува дека задачата била многу потешка кога за противник го имач напаѓачот на ПСЖ.
„Фудбалерите против кои играв во последно време се навистина на топ ниво. Играв против Мбапе оваа сезона, навистина имаше доста работа. Меси не играше баш најдобро во вторникот, но Мбапе поради брзината, позиционирањето и се останато е најтежок ривал што сум го имал.“
„Мислам дека постој голема можност наскоро да стане најдобар играч во светот. Постојат некои работи на кои треба да поработи за да биде како Меси и Роналдо, но напредува неверојатно брзо“, изјави Марсело.
Инаку, Мбапе оваа сезона одигра вкупно 30 натпревари во сите натпреварувања и постигна 25 голови и 14 асистенции. За момче од 20 години ова е нереална статистика.