Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Ди Франческо од денес официјално е тренер на Рома.
„Мило ми е што Рома има големи амбиции и сака да биде на врвот на европскиот фудбал. Среќен сум што се вратив, повторно гледам некои луѓе што ги гледав тука и порано, се гледа голема желба за напредок и првите импресии се одлични“- изјави Франческо за медиумите.
Новиот тренер на Рома исто така го изјави неговиот план за формацијата во Рома
„Веќе знам која формација ќе ја форсирам во Рома, тоа ќе биде 4-3-3 исто како што ги тренирав Сасуоло. Сакам 4 играчи во одбрана, а 3 користам само кога морам. Имам свој стил и филозофија, а сметам дека Рома има квалитетен напад“- Изјави Ди Франческо.
Тој потпиша договор со Рома до 2019 година, што ќе биде негово враќање во клубот за кој како фудбалер играше од 1997 до 2001 година.