Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алексис Санчез вчера конечно доби шанса да игра од првата минута за Манчестер јунајтед во победата против Борнмут (2-1).
„Црвените ѓаволи“ решија во јануари да го направат Санчез најплатен фудбалер во клубот, а тоа е многу повеќе од вториот најплатен фудбалер Пол Погба со 290.000 фунти.
Инаку, Јунајтед во моментов преговара со Давид Де Хеа и Ентони Марсијал, чии договори завршуваат на крајот на сезоната.
Но, преговорите не одат по план, а за тоа е виновен Санчез. Англиските медиуми пишуват дека Де Хеа и Марсијал сакаат поголеми плати, а за пример го даваат Санчез, кој добива 500.000 фунти, а не игра добро.
Останува да видиме што ќе направат „црвените ѓаволи“ и дали ќе успеат да ги продолжат договорите со двете ѕвезди.