Доколку замине Де Геа, доаѓа замена по вкус на навивачите?!

Доколку замине Де Геа, Манчестер Јунајтед го доведува синот на својата легенда.

Како што пренесува добро информираниот Скај Спорт, Каспер Шмајхел е означен како прва мета на Манчестер Јунајтед во случај ако Давид Де Геа премине во Реал Мадрид.

Сшпред овој извор, челниците на Јунајтед веќе го ставил Шмајхел на „стенд бај“ и го известиле дека размислуваат во управата од Театарот на соништата доколку се отвори шанса да премине да тргне по стапките на татко му.

Неговиот славен татко, Петер, легенда на клубот, и со ѓаволите ги освои сите можни трофеи.

Иако во минатата сезона освои титула со Лестер, а потоа и потпиша нов петгодишен договор, јасно е дека еден повик од Жозе Мурињо може да промени се.

Шмајхел порано бранеше и во редовите на Манчестер Сити, меѓутоа, тоа нема да биде проблем, поради тоа што и неговиот татко на крајот на кариерата заврши во редовите на граѓаните иако е легенда на Јунајтед.